Трамп: Путин си игра со оган

12

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „си игра со оган“, јавува Ројтерс.

Неговата изјава доаѓа по серија жестоки ракетни и беспилотни напади врз Украина, кои се можеби најинтензивните напади откако Русија ја започна целосната воена офанзива во февруари 2022 година.

„Она што Владимир Путин не го разбира е дека, ако не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија. И мислам навистина ЛОШИ работи. Си игра со оган!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Кремљ вели дека Трамп е „емоционален“ откако претседателот на САД го нарече Путин „луд“

Македонски