Радев ја истакнал улогата на Макрон во вклучување на Бугарите во македонскиот Устав

2

„Франција е меѓу водечките партнери на Бугарија во процесот на модернизација на бугарската армија. Наскоро ќе реализираме договори за снабдување со 3Д радари, за снабдување со нова генерација хаубици, како и вооружување за нашите модуларни повеќенаменски патролни бродови“. Ова го изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред средбата со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Радев ги истакнал заедничките ставови на двете земји по темите за европската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето со енергија и развојот на нуклеарната енергија како стратешки елемент на енергетската независност на Европа.

Македонски