Уапсен 65-годишен управител на образовен центар во Штип, се сомничи дека допирал ученички

0

Министерството за внатрешни работи информира дека го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип, кој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

„Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка. А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена“, информираат од МВР.

Македонски