ВМРО-ДПМНЕ за „еуфоријата” на СДСМ по изборите во Унгарија: Победникот е наша сестринска партија

7

ВМРО-ДПМНЕ реагира на реакциите на СДСМ по поразот на Виктор Орбан во Унгарија, оценувајќи дека „еуфоријата” на опозицијата е неоснована бидејќи победничката партија Тиса е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДСМ освоила околу 1 отсто и останала надвор од парламентот.

„Победникот е наша сестринска партија”

Од ВМРО-ДПМНЕ го оценија радувањето на СДСМ како неразбирливо.

„Радувањето на СДСМ и Филипче за изборните резултати во пријателска Унгарија е неразбирливо од причина што сепак победник е партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, а нивната сестринска партија освои околу 1 отсто од гласовите и остана надвор од парламентот”, нагласуваат од владејачката партија.

Порака до СДСМ: Погледнете во сопствените редови

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека политиките на СДСМ се „антидржавни” и дека партијата треба да ја насочи енергијата внатрешно.

„Филипче и СДСМ треба да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, а актуелните се дистанцираат од лидерот на партијата”, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски