„Support Kocani” обезбеди медицински препарати за повредените од пожарот во „Пулс” во вредност од над милион денари

8

Граѓанската иницијатива „Support Kocani” обезбеди медицински креми и препарати за нега на лицата повредени во пожарот во „Пулс”, во нова акција со донациски средства во вредност од над еден милион денари. Производите ќе се распределуваат преку младинскиот центар „Гнездо”.

Специјализирана помош за повредените

Набавениот пакет вклучува:

  • Креми со висок заштитен фактор
  • Препарати за регенерација на кожата
  • Специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници

Од иницијативата велат дека производите биле внимателно избрани според реалните потреби на засегнатите лица, а набавката била организирана во директна комуникација со повредените.

Поддршка од аптеки и заедницата

Во процесот помогнале и аптеки кои овозможиле попусти за дел од производите. Помошта е обезбедена исклучиво со донациски средства.

Кремите и препаратите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо”, од каде ќе се врши нивната понатамошна распределба.

„Поддршката не завршува со првиот бран”

Од „Support Kocani” порачуваат дека и понатаму ќе останат активно вклучени во помошта за погодените граѓани.

„Поддршката, солидарноста и заедништвото остануваат клучни и по првиот бран реакции”, нагласуваат од иницијативата.

Македонски