Кривична пријава против скопјанец за снимање во касарната во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец кој, како возач на автобус за меѓугарнизонски превоз, направил три видео записи во кругот на касарната во Тетово и ги споделил преку мобилна апликација.
Снимал во касарната и споделувал видеа
Според соопштението на МВР, на 17 февруари 2025 година, А.Ш. (61) од село Студеничани, Скопско, кој работел како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучен договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи.
Снимките потоа ги споделил преку мобилна апликација.
Кривично дело против безбедноста
Против лицето е поднесена кривична пријава за кривичното дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства” – дело кое е предвидено во Кривичниот законик и се однесува на заштита на воената безбедност.