Ноќва часовниците се поместуваат еден час напред – започнува летното сметање на времето
Преминот на летно сметање на времето ќе се случи ноќта помеѓу сабота и недела, кога во три часот наутро часовниците ќе се поместат еден час напред. Деновите стануваат подолги, но спиеме еден час помалку.
Од два на три часот наутро
Промената на времето ќе се случи ноќва, кога часовникот ќе се помести од два на три часот наутро. Со оваа промена граѓаните ќе спијат еден час помалку, но за возврат деновите ќе станат значително подолги.
Враќањето на зимското сметање на времето е закажано за 25 октомври, последниот викенд во месецот, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час назад.
Дигиталните уреди се прилагодуваат автоматски
Повеќето современи дигитални уреди – телефони, компјутери и таблети – автоматски го прилагодуваат времето, поради што корисниците ретко мораат рачно да ги поместуваат часовниците. Сепак, аналогните часовници, часовниците во автомобилите и одредени домашни апарати е потребно рачно да се наместат.
Дебата за укинување – здравствени и економски аргументи
Практиката на менување на времето останува предмет на дебата во многу земји, а дел од државите веќе ја укинаа. Истражувањата сè почесто укажуваат на негативни последици врз здравјето, а една студија покажала дека преминот на летно сметање може да влијае врз:
- Зголемување на сообраќајните несреќи во деновите по промената
- Дополнителни економски загуби поради нарушен ритам на работа и продуктивност
Идеја стара повеќе од два века
Идејата за подобро искористување на дневната светлина има долга историја:
- 1784 – Бенџамин Франклин предложил подобро користење на дневната светлина
- 1895 – Новозеландскиот научник Џорџ Вернон Хадсон предложил поместување на часовниците
- 1916 – Летното сметање првпат било воведено во Германија, а подоцна се проширило и во други земји
- 1983 – Практиката е воведена во Македонија, односно во поранешна Југославија