Бизарен инцидент: Луѓе ги украле роденденските подароци на мајмунот Мики – Војо Иванов разочаран од човечката постапка

24

Она што требаше да биде весел настан и забава за посетителите и животните, заврши со горчлив вкус и разочарување. Војо Иванов преку социјалните мрежи сподели шокантна информација за кражба на подароци наменети за мајмунот Мики, и тоа од страна на присутните гости.

Иванов, кој е познат по својата грижа за животните и честите објави поврзани со нив, информираше дека бил организиран роденден за мајмунот Мики. Меѓутоа, прославата била засенета од несовесното однесување на луѓето кои присуствувале на настанот.

Според неговото сведоштво, посетителите наместо да го прослават денот со животното, си заминале со поголемиот дел од подароците наменети за славеникот.

Правевме роденден на мајмунот Мики, повеќе од половина подароци му ги украдоа гостите (луѓе), на мајмунот. Толку имам да кажам, напиша Иванов, не криејќи го своето разочарување од постапката.

Овој бизарен инцидент предизвика лавина негативни реакции во јавноста, отворајќи прашања за елементарната култура и односот на луѓето кон животните и туѓата сопственост, дури и кога таа е наменета за животни во зоолошка градина.

Македонски