МВР спроведува акција за корупција под раководство на Обвинителството — медиуми јавуваат за апсење на директор на државна институција

21

Министерството за внатрешни работи потврди дека е во тек акција поради сомневање за кривични дела од коруптивна природа, под раководство на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Потврда од МВР и Обвинителството

И од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата”, соопштија од Обвинителството.

Медиуми: Уапсен директор на Државниот инспекторат за земјоделство

Претходно, дел од медиумите, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објавија дека вечерва е уапсен директор на државна институција поради сомневање за примање мито.

Според овие информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

Официјални детали за идентитетот на уапсените и за обемот на акцијата се очекуваат по нејзиното завршување.

Македонски