Собранието денес одлучува за член на Судскиот совет, зголемување на пензиите и измени за Коридорите 8 и 10д

8

На 94. седница на Собранието на дневен ред се преостанати три точки — избор на член на Судскиот совет, измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и техничка измена на законот за изградба на инфраструктурните Коридори 8 и 10д.

Избор на член на Судскиот совет

Собраниската Комисија за избори и именувања утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет:

  • Сејфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште
  • Арбер Исаку, дипломиран правник од Тетово

Зголемување на пензиите

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој се носи по скратена постапка, треба да се овозможи зголемување на пензиите во согласност со планираните политики на Владата.

Техничка измена за Коридорите 8 и 10д

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вчера при образложувањето пред пратениците истакна дека станува збор за техничка измена на само еден член од законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за изградба на Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (делница Прилеп – Битола).

„Имајќи предвид дека ЈПДП има релативно солиден буџет од сопствени извори и средства, сметаме дека поради големината и значењето на проектот, добро е и тоа да биде вклучено како носител и инвеститор во проектот”, појасни Николоски.

Македонски