(ОБНОВЕНО) Евакуација на станбена зграда по пријава за интензивна миризба на плин во Карпош

38

00:30 Со интервенција на полицијата, противпожарната единица но и екипа на ЦУК заедно со директорот Мухамед Али била констатирано истекување на плин во една од затворените гаражни простории. Препорачано е на станарите да ги отворат своите затворени гаражни простории за да може полесно да се проветри и наложено е сите да се вратат во своите домови. Полицијата останува во наредните 24 часа околу станбениот простор.


Во овие моменти се врши евакуација на станбена зграда во општина Карпош (Скопје) на улица Васил Чакаларов бр.3 по претходна пријава за интензивна миризба на плин неофицијално од гаражниот простор.

Силни полициски сили се присутни на плочникот пред зградата, а се очекуваат екипи на ДЗС и противпожарна заштита.

Македонски