Петре Шилегов најави остар одговор за утре

21

Извршниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за иницирање постапка за исклучување од членство на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов веста ја дочека додека гостуваше во „Ноќно студио” на телевизијата 4TV, каде се појави во својство на бранител на еден од обвинетите во судски процес.

Запрашан за коментар на партиската одлука, Шилегов одби да дава политички изјави вечерва, повикувајќи се на почит кон годишнината од трагедијата во Кочани.

„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот за политика, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период”, порача Шилегов.

Македонски