Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја поради зафати во електромрежата
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска повеќе улици во скопските општини Карпош и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија, најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Општина Карпош
Од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе останат:
- Дел од ул. „1056″ – Скупи
- Дел од ул. „Никола Карев”, подулица бр. 9
Од 09:00 до 14:00 часот:
- Ул. „Козле” бр. 91
Општина Ѓорче Петров
Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат:
- Ул. „Исаија Маџовски”
- Дел од бул. „Васил Чакаларов”