Итно затворен патниот правец кон Теферич поради сериозно оштетување

8

Патниот правец кон Теферич е итно и целосно затворен за сообраќај поради сериозно оштетување, соопштија надлежните институции. Одлуката е донесена по денешниот повторен увид на терен и детални стручни анализи, а патот ќе остане затворен до изнаоѓање трајно решение за санација.

Одлуката за затворање следуваше по увидот на градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и претставници на релевантните институции, при што е констатирано оштетување кое претставува ризик за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Поради тоа, донесена е мерка за итна забрана за движење.

Апел до граѓаните

Надлежните упатија апел до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосното отстранување и санација на дефектот.

Се работи на трајна санација

Од институциите информираат дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајно санирање на оштетувањето.

„Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција”, се наведува во соопштението.

Македонски