Како и за сè ВМРО-ОКГ лаже за Адамовиќ, Владата ја носи одлуката за почесен конзул
За назначување почесен конзул, одлука носи Владата на седница. Толку. Тука завршува прашањето на одговорност.
Но, исто така, критериумите за избор се клучни. Зошто Адамовиќ е избран?
ВМРО-ОКГ вели дека исполнувал критериуми, ама не кажа кои критериуми ги исполнува Адамовиќ.
Дали близината со Мицкоски? Или тоа што е висок функционер на СНС, нивната сестринска партија?
Сестринската партија, очигледно, има многу такви функционери. Еден од таквите функционери и финансиери на СНС беше уапсен во акција поврзана со 5 тони дрога што дошла од Македонија.
Дали е исполнување на критериум за Македонија да се пишува дека „Српска Македонија“ била окупирана?
Дали бројните афери со оружје, престрелки и напади со бомби, сите со криминална позадина, значат исполнување на критериумите?
Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него?
Мицкоски да излезе и да одговори:
Како од толку угледни бизнисмени во Србија Владата го избрала Адамовиќ со криминално минато за почесен конзул на Македонија?