Љупчо Балкоски за новиот предлог-Закон за високо образование: Монополизација или модернизација?
Предлог-законот за високо образование продолжува да генерира остри реакции од академската заедница и опозицијата, кои предупредуваат дека предложените решенија водат кон монополизација и директно партиско влијание над универзитетите и науката, наместо кон европски стандарди и академска извонредност.
Поранешниот пратеник и генерален секретар на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски на својот „Фејсбук“ прашува: Дали новиот предлог-Закон за високо образование носи монополизација или модернизација на високото образование?
Дали Владата преку новиот Закон за високо образование сака да воведе монопол и директно партиско влијание над образованието, универзитетите и науката?На Шангајската листа на најдобри универзитети не се стигнува со монополизација и ограничувања, туку со : Европски услови во студирањето на студентите, квалитет во институциите, почитување на критериуми, подршка на младите научни кадри, подршка и ангажирање на научниците и наставниот кадар што се образувал во странство и се враќа во земјата, правилна конкуренција, размена на искуства и знаења и зголемена автономија на универзитетите.Во универзитетските средини, владеачките партии не треба да функционираат и контролираат, таму првенствено треба да има слобода на научна мисла, со постигнување на научни и образовни резултати со кои ќе се промовира научната и високообразовна дејност во државата и светот.