„Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ
Активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“ организираат сценско читање на „Монолозите од Газа“ на Академската сцена на ФДУ .
„Монолози од Газа“ е збир на сведоштва за страдањето на палестинскито народ, собрани од палестинскиот театар „Аштар“, кој го споделува материјалот со цел да се слушне гласот на настраданите и угнетените и на македонски јазик.
„Ја покануваме јавноста да дојде, да ги слушне нивните приказни и заедно да покажеме дека солидарноста нема граници. Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе може да оставите ваш придонес за хуманитарни цели, посочуваат од „Сите за Палестина“
Настанот ќе се одржи во понеделник на 23 февруари во 19 часот.