Седум возачи лишени од слобода поради управување без возачка дозвола

8

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода седум лица кои управувале моторни возила без да поседуваат возачка дозвола.

Од нив, двајца се приведени во Скопје, а по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Во Гостивар приведен е малолетник, додека во Скопје еден од приведените, исто така малолетен, управувал мотоцикл без положен возачки испит.

Лицата се приведени во полициски станици, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај.

Македонски