Тројца прилепчани лишени од слобода кај Чашка – пронајдено огнено оружје и муниција

3

На 08.02.2026 година, во 10:15 часот, на место викано „Црници“, во атарот на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К. (57), И.Т. (51) и Б.Н. (77), сите од Прилеп.

При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко моторно возило „Лада Нива“ со прилепски регистарски ознаки, при што лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што лицата се оддалечиле од местото.

По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени. При извршен преглед кај И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „Брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција, како и куршуми и три чаури калибар 12 мм од ловечка пушка, без соодветна документација, како и детектори и други предмети.

Од лицето Б.Н. бил одземен пиштол „Застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 мм, исто така без соодветна документација, како и други предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонски