(ВИДЕО) Електродистрибуција: Грижата за заедницата вклучува и заштита на животните

5

Нашата одговорност не се сведува само на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, туку опфаќа и грижа за целата заедница – вклучително и за животните, соопштуваат од Електродистрибуција.

Оттаму информираат дека, постапувајќи навремено и во целосна согласност со безбедносните протоколи, вработениот Николче од КЕЦ Битола покажал висок степен на професионализам и хуманост за време на интервенција на терен. Во рамки на акцијата, тој успешно спасил маче кое било заглавено во проводниците на електродистрибутивната мрежа, спречувајќи потенцијална опасност и за животното и за системот.

Македонски