Земјотрес со магнитуда 3.0 регистриран во Косово, почувствуван во Тетово
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, која ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес со епицентар на територијата на Република Косово.
Епицентарот се наоѓа на околу 46 километри северозападно од Скопје, а земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3.0 степени.
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.