Среброто со силна корекција: Цените паднаа и до 16 отсто
Цените на среброто забележаа остар пад од дури 16 проценти, со што беше прекинат дводневниот раст на пазарот. Спот-цената на среброто последен пат беше пониска за околу 13 проценти и изнесуваше 76,97 долари за унца, додека фјучерсите во Њујорк се тргуваа со пад од над 8 проценти, на ниво од 77,28 долари за унца.
Минатиот петок среброто достигна рекордно високо ниво, по што следеше нагла корекција од речиси 30 проценти. И покрај овој пад, податоците покажуваат дека од почетокот на 2025 година цената на среброто е зголемена за околу 146 проценти.
Аналитичарите наведуваат дека неодамнешните ценовни осцилации се резултат на комбинација од силна шпекулација и промени во ликвидноста на пазарите. Според нив, корекцијата кај среброто е поизразена отколку кај златото, поради построгите услови на ликвидност на лондонскиот пазар, што дополнително ги засилува ценовните движења.
Експертите им советуваат на инвеститорите да бидат претпазливи и да почекаат со донесување трговски одлуки додека не се стабилизира пазарот и не се намалат шпекулативните позиции.
Среброто има широка примена во индустријата и технологијата, особено во производството на соларни панели, електроника, катализатори и други високотехнолошки производи, што и натаму го прави важен метал на глобалниот пазар, пренесува „Seebiz“.