Затворен патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река

6

Патниот правец Удово – Валандово е затворен за сообраќај од утринските часови, од 05:25 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот е во прекин поради излевање на Калковска Река на коловозот, поради што движењето на возилата на оваа делница моментално не е дозволено. Возилата се пренасочуваат по алтернативниот патен правец преку селото Марвинци кон Валандово.

Од АМСМ дополнително известуваат дека поради појава на магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, и апелираат до возачите за внимателно управување со возилата.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег, по интервенциите на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Македонски