Со воведувањето на системот „Сејф сити“ започнува автоматско санкционирање за четири конкретни сообраќајни прекршоци, со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Пречекорување на дозволената брзина
Казните зависат од степенот на надминување на брзинскиот лимит:
до 20 km/h: 20 евра (денарска противвредност)
од 20 до 30 km/h: 45 евра
од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување од 3 до 12 месеци
над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месеци
Во населени места санкциите се построги и можат да достигнат до 500 евра, со задолжителна забрана за управување.
Минување на црвено светло
Автоматски се изрекува:
250 евра парична казна
забрана за управување од 3 до 12 месеци
Доколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, можно е и покренување кривична одговорност.
Возење со истечена сообраќајна дозвола или регистрација
100 евра казна за возачот
250 евра казна за сопственикот на возилото (доколку е друго лице)
Системот врши автоматска проверка преку регистрите на МВР.
Непрописно запирање и паркирање
30 евра за стандардни прекршоци
45 евра ако се попречува сообраќајот
50 евра за паркирање на места наменети за лица со попреченост
Во случаи кога возилото претставува ризик, се применува и подигнување со пајак-служба, со дополнителни трошоци.
Казните платени во рок од осум дена се намалуваат за 50 отсто. По истекот на рокот, износот се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.
Возач кој ќе добие три забрани за управување во период од четири години автоматски ја губи возачката дозвола, а повторно полагање е дозволено најрано по една година.
Во меѓувреме Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки.