Смртоносен пожар во фабрика за бисквити кај Трикала: најмалку четворица загинати, една жена исчезната

9

Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за производство на бисквити во близина на грчкиот град Трикала, во регионот Тесалија, при што животот го загубија најмалку четири лица, а една жена се води како исчезната, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Инцидентот се случил околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, лоцирана покрај националниот пат Трикала – Кардица. Во моментот на пожарот, фабриката била во редовна работа, бидејќи функционира со 24-часовни смени.

Според првичните информации, непосредно пред избувнувањето на пожарот била слушната силна експлозија. Во објектот во тој момент се наоѓале 13 вработени, од кои осум успеале навреме да се евакуираат. Тие биле пренесени во Општата болница во Трикала, каде им била укажана лекарска помош.

Противпожарните и спасувачките служби и понатаму вршат пребарување на теренот, додека причините за експлозијата и пожарот се предмет на истрага од надлежните институции.

Македонски