РКЕ одлучи: Поскапува дизелот и дел од дериватите, цените на бензините остануваат исти
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, со што во просек тие се зголемуваат за 0,52 отсто во однос на одлуката од 20 јануари 2026 година.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на светските пазари бележат раст и тоа кај бензините во просек за 0,721 отсто, кај дизел горивото за 2,341 отсто, кај екстра лесното масло за 2,433 отсто, додека мазутот е поскап за 0,569 отсто. Во истиот период, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,0343 отсто.
Со новата одлука, од 27 јануари 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 денари за литар
-
ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 денари за литар
-
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 денари за литар
-
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 66,50 денари за литар
-
Мазут М-1 НС: 33,099 денари за килограм
РКЕ појаснува дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 остануваат непроменети, додека дизел горивото поскапува за 1 денар по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинствата се зголемува за 0,50 денари по литар, а мазутот М-1 НС бележи раст од 0,112 денари по килограм.
Од Комисијата нагласуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, при што трговците на големо и мало имаат можност да ги формираат продажните цени и на пониско ниво од утврдените.