Брутално убиство на 15-годишно момче ја потресе јавноста во регионот

38

Балканската јавност е вознемирена по откривањето на тешко злосторство во близина на српско-романската граница, каде што беше пронајдено закопано телото на 15-годишното момче Марио. За убиството се осомничени негови врсници – момчиња на возраст од 13 и 15 години, со кои бил во познанство.

Според досегашните наоди од истрагата, трагичниот настан се случил на 19 јануари. Марио бил намамен во домот на 13-годишниот осомничен под изговор дека ќе го види неговиот нов квадроцикл. Таму, по однапред испланиран напад кој, според обвинителството, се подготвувал најмалку еден месец, двајцата малолетници го нападнале и усмртиле со нож и секира.

По извршеното убиство, тие повикале уште едно 15-годишно момче да им помогне во отстранувањето на телото. Телото било пренесено на блиско поле, каде што било делумно запалено и закопано во плитка јама, бидејќи замрзнатата почва не дозволувала подлабоко копање.

Од обвинителството информираат дека мотивот за злосторството биле љубомора и завист. Осомничените, наводно, се чувствувале загрозени од популарноста на Марио меѓу врсниците, неговиот изглед и материјалните обележја, како поскап мобилен телефон и брендирани патики, како и од вниманието што го добивал.

Според локалните медиуми, двајцата 15-годишници се наоѓаат во притвор, додека 13-годишното момче е пуштено на слобода, бидејќи согласно законите не може кривично да одговара поради возраста.

Македонски