Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2026 година
Општина Центар објави јавен повик до сите здруженија и фондации кои дејствуваат на нејзината територија да аплицираат за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за реализација на програми и проекти од значење за локалната заедница, со посебен акцент на развојот на микробизнисите, младинските иницијативи, унапредувањето на социјалните услуги, промоцијата на родовата еднаквост, заштитата на животната средина, како и образованието за возрасни.
Од Општината посочуваат дека со оваа мерка се продолжува поддршката за граѓанскиот сектор и се поттикнува активното учество на организациите во креирањето и спроведувањето политики и активности во интерес на жителите на Општина Центар.