Прекин на водоснабдувањето на повеќе улици поради дефект на водоводна цевка

22

Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улица „Хелсинки“ број 54, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во овој дел од градот.

Без вода ќе останат жителите на улицата „Нобелова“, како и делови од улиците „Хелсинки“, „Виенска“ и „Лондонска“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 09:15 часот и ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата и работните активности на терен.

Македонски