Дали САД и Данска постигнале договор околу Гренланд?
Дали на маргините на самитот во Давос бил и премолчен договор помеѓу Данска и САД за тивка „продажба“ на Гренланд?
Регионалните електронски медиуми известуваат за наводен договор помеѓу САД и Данска во кој се исклучува воена интервенција односно се работи за милионска зделка за која САД треба да одвои околу 700 милијарди долари.
Имено, информациите за кои до овие моменти се во форма на шпекулации известуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп понудил по 100.000 долари за секој еден жител на Гренланд. И додека сите мислат дека станува збор за лажна вест некои извори од американската администрација тврдат дека понудата која се пушта во јавноста впрочем е поголема и дека не е испратена само до жителите на Гренланд туку и до данската Влада.
Врз основа на овие наводи администрацијата на Трамп наводно е спремна на Данска да и исплати дури 700 милијарди долари за превземање на Гренланд од страна на САД. Покрај тоа и секој од 57.000 жители да добие по 100.000 долари како еднократна исплата. Вкупната сума која наводно САД е спремна да ја даде е 706 милијарди долари.