Планиран краткотраен прекин на електричната енергија во дел од Бутел
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска е планиран привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од општина Бутел.
Според најавата, без струја ќе останат потрошувачите во периодот од 09:00 до 10:30 часот, и тоа дел од домаќинствата на улицата „Гемиџиска“ (првите куќи на почетокот од улицата), како и деловните објекти на почетокот од улицата „Ферид Бајрами“, каде што се наоѓа предметниот објект.
Од компанијата посочуваат дека прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.