Студено утро со минусни температури, од вторник навечер нов бран со снег низ земјава

7

Македонија утринава се разбуди со изразено студено време, при што температурите на одделни места се спуштија и до -6 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.

На планините и на повисоките места се очекува провејување на слаб снег, додека максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 7 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со највисока дневна температура до 5 степени.

Метеоролозите најавуваат дека позначајна промена на времето следува од вторник навечер, кога ќе навлезе нов влажен бран. Во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи, претежно од снег, на поголем дел од територијата на државата.

Македонски