Воведени викенд автобуски линии од Тетово до Попова Шапка
Од вчера Општина Тетово официјално пушти во сообраќај автобуски линии на релација Тетово – Попова Шапка, со цел да се олесни пристапот до скијачкиот центар и да се намали сообраќајниот метеж за време на викендите.
Во сообраќај се вклучени два автобуси, кои поаѓаат од Тетово во 8:00 и во 10:00 часот, а линиите ќе функционираат исклучиво за време на викендите.
Според најавите од општината, враќањето од Попова Шапка кон Тетово е предвидено во 14:45 и во 16:00 часот.
Надлежните очекуваат дека со воведувањето на јавниот превоз значително ќе се намали метежот од автомобили и проблемите со паркирањето на Попова Шапка, кои редовно се појавуваат за време на викендите и во екот на скијачката сезона.
Цената на повратниот билет изнесува 200 денари.