Истрага за даночна мафија: 20 осомничени, меѓу нив функционери на УЈП, штета од 4,8 милиони евра
Голема полициско-обвинителска акција го разниша темелот на даночниот систем. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против 20 лица, меѓу кои и високи функционери на Управата за јавни приходи (УЈП) и еден српски државјанин, осомничени дека го оштетиле државниот буџет за околу 4,8 милиони евра, односно 297.733.844 денари.
Акцијата, која траела до доцните вечерни часови, опфатила претреси на 16 локации низ државата. При претресите биле пронајдени и одземени фиктивна документација, поголеми суми пари, оружје, како и лажни фирмени печати.