Неофицијално како исчезнат во синоќешниот пожар се води и едно младо лице со македонско потекло

629

На социјалните мрежи веќе кружат повици за пронаоѓање на исчезнати лица од синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Швајцарија.

Помеѓу исчезнатите е и едно младо лице со македонско потекло кое живее близу Женева. Неговото име е Стивен Ивановски (16)  бил облечен во бели пантолони и бела блуза. После катастрофата во клубот „Констелацион“ му се губи секаква трага.

Роднините од Македонија упатуваат повик до сите кои се наоѓаат на просторот околу познатото скијалиште Кран-Монтана или до секој кој има некаква информација за него да се јават на следните телефонски броеви:

0764150868

0763857165

0782295745

Да потсетиме дека касно синоќа на новогодишна прослава во едно од најпопуларните скијачки центри во Швајцарија, Кран-Монтана избил пожар во кој загинале десетина луѓе, а други 100 биле повредени. Се шпекулира дека пожарот настанал од пиротехнички средства употребени за време на новогодишната прослава.

Македонски