Првото бебе родено во 2026 година е девојче
Со почетокот на новата година, од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство соопштија дека првото новороденче во 2026 година е женско бебе.
Од Клиниката информираат дека породувањето поминало во најдобар ред, а новороденчето и мајката се во добра здравствена состојба.
Нека е живо и здраво новороденото бебе и да донесе радост и среќа во семејството.