Новогодишниот воз продолжува да сообраќа – празнична магија за најмалите и за целото семејство

6

Новогодишниот воз ќе продолжи да сообраќа и во првите денови од Новата година, носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмладите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт.

Од компанијата информираат дека патниците ги очекува вистинска празнична авантура, а специјален гостин во возот ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија.

Термини на сообраќај на новогодишниот воз:

  • 2 јануари 2026 година – од железничка станица Скопје во 18:00, 20:30 и 21:00 часот

  • 3 јануари 2026 година – од железничка станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот

  • 4 јануари 2026 година – од железничка станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот

„Патувајте со нас, доживејте ја атмосферата на Новата година и создадете спомени што ќе се паметат долго. Новогодишната магија не завршува – таа продолжува со нашиот празничен воз“, порачуваат од МЖ Транспорт.

Македонски