Скопје ја испраќа 2025 година на Плоштад „Македонија“ со концерт без огномет

6

Плоштадот „Македонија“ вечерва ќе биде централното место за новогодишната прослава во Скопје, каде граѓаните ќе ја испратат старата 2025 година со музика од познати домашни изведувачи.

Како што информираат од Град Скопје, програмата е наменета за сите генерации и ќе започне во 19:45 часот со настап на Миле Кузмановски. Потоа на сцената ќе се редат Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска. Во текот на вечерта ќе настапат и Пајак, Лара и Два Бона, а влезот во Новата година ќе биде одбележан со песните на Каролина Гочева.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека годинашната новогодишна прослава ќе помине без огномет, поради апелите од граѓански организации за намалување на бучавата, стресот кај граѓаните, особено кај децата, како и загадувањето што го предизвикува пиротехниката.

Ѓорѓиевски ги повика скопјани да дојдат на централниот плоштад и заеднички да ја пречекаат Новата година, а воедно апелираше до градоначалниците на скопските општини да не организираат паралелни прослави, со цел граѓаните да не се разделуваат на повеќе локации.

Македонски