Запленети околу 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

9

При спроведени оперативно-тактички мерки, припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 30 декември 2025 година пронајдоа и одзедоа околу 6.000 различни пиротехнички средства на улицата „192“, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а одземената пиротехника е предадена за понатамошна постапка. Против лицата инволвирани во продажбата на пиротехничките средства ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од СВР Скопје.

Македонски