Од 30 декември поскапи горива: Зголемување на цените на сите нафтени деривати

8

Од 30 декември, стапуваат во сила нови, повисоки малопродажни цени на нафтените деривати, соопштија надлежните институции.

Според новата одлука, максималните цени ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 денари за литар

  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 денари за литар

  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 65,00 денари за литар

  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 денари за литар

  • мазут М-1 НС – 33,649 денари за килограм

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и на Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цената на мазутот М-1 НС е зголемена за 1,042 денари по килограм.

Како причина за корекцијата се наведува растот на референтните цени на светските пазари, кои во однос на претходната пресметка пораснале во просек за 1,908 проценти кај бензините, 1,970 проценти кај дизелот, 1,282 проценти кај екстра лесното масло, додека кај мазутот е регистриран значителен пораст од 5,201 процент.

Дополнително, на формирањето на цените влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во анализираниот период е понизок за 0,1801 проценти во споредба со претходната пресметка.

Македонски