11 години затвор за Фатон Љури за смртта на пешак на кејот на Вардар
Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затвор од 11 години на Фатон Љури, кој со мотоцикл го прегази 68-годишниот Југослав Николовски на пешачка патека во Скопје.
Според пресудата, на 1 јули годинава Љури управувал мотоцикл „Кавасаки“ по пешачката патека на кејот на реката Вардар, без возачка дозвола и без заштитна кацига. При тоа го удрил пешакот Николовски, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил местото на несреќата.
По трагичниот настан, Љури бил во бегство два дена,_toggleа по што бил пронајден и лишен од слобода.
Судот при одмерувањето на казната ги земал предвид тежината на делото, фактот дека било сторено на пешачка зона, како и бегството по несреќата, оценувајќи дека изречената казна е соодветна на степенот на вина и последиците од делото.