Возач од Косово со автомобил удрил во повеќе возила и семафор во центарот на Скопје, тешко повреден

10

Полицијата денеска информираше за сообраќајна несреќа што се случила во петокот во Скопје, во која 52-годишен државјанин на Косово, со привремен престој во село Арачиново, со возило удрил во повеќе паркирани автомобили, контејнери, семафор и возила во движење.

Како што соопштија од СВР Скопје, на 26 декември 2025 година, околу 12:30 часот, на улицата „Григор Прличев“, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (52), удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, како и во три контејнери за отпад.

По тоа, возилото удрило и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишен скопјанец, по што возачот продолжил со движење. На крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, тој удрил во семафор и во уште едно возило „ауди“ во движење, управувано од 29-годишен жител на селото Долно Лисиче.

Во сообраќајната несреќа, возачот С.Р. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.

Македонски