Лавров со порака до Европа: Русија нема да напаѓа, но одговорот на евентуален удар ќе биде разорен

7

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров упати јасна порака до европските политичари, предупредувајќи дека евентуален напад врз Руската Федерација би предизвикал разорен одговор од Москва.

„За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, ќе повторам уште еднаш – нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, изјави Лавров.

Тој, сепак, нагласи дека секоја агресија врз Русија нема да остане без одговор.
„Доколку некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“, порача шефот на руската дипломатија.

Лавров потсети дека ваквиот став во повеќе наврати јавно го изнел и рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, Путин изјави дека во случај на напад врз руската територија со западно оружје со долг дострел, Москва ќе одговори соодветно.

Изјавите доаѓаат во услови на зголемени тензии меѓу Русија и западните земји, поврзани со војната во Украина и безбедносната состојба во Европа.

Македонски