ГП Евзони затворен поради протест
И покрај уверувањата од грчка страна дека за божиќниот викенд нема да има блокади на граничните премини, од АМСМ соопштуваат дека денеска од 11:00 часот граничниот премин Евзони е целосно блокиран за сите видови сообраќај, како за влез, така и за излез од државата.
Причина за затворањето е протестот на грчките земјоделци, поради што се препорачува граѓаните да користат алтернативни гранични премини и редовно да ги следат официјалните информации за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива без поголеми пречки и по претежно суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).