Промоција на монографијата „Спортот и градот“ и изложба на студентски проекти

10

МИТ Универзитет Скопје – Факултет за архитектура, со особена чест и задоволство, Ве поканува на промоцијата на стручната монографија „Спортот и градот: Архитектонско-урбанистички интервенции за здрави и активни градови“, под уредништво на доц. д-р Дамјан Балкоски.

Промоцијата ќе биде проследена со изложба на студентски проекти, изработени во рамките на наставата по урбанистички предмети на Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје. Проектите ги истражуваат современите релации меѓу спортот, јавниот простор и квалитетот на урбаниот живот.

Датум: Среда, 17 декември 2025 година

Време: 19:00 часот

Локација: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје

Изложбен салон: „Галерија КО-РА“

Настанот е отворен за јавноста и е наменет за архитекти, урбанисти, студенти, истражувачи, како и за сите заинтересирани за развојот на здрави, активни и одржливи градови.

Македонски