ЈСП Скопје: Заверка на билетите за лица над 62/64 години од 15 декември

6

ЈСП Скопје ги информира корисниците на билети за возрасни лица од старосната група над 62/64 години дека заверката на билетите за 2026 година ќе се врши во сите центри за персонализација, почнувајќи од 15 декември 2025 година.

Заверката се врши исклучиво лично од страна на корисникот, со задолжително приложување документ за лична идентификација.

Од ЈСП Скопје предупредуваат дека сите билети кои нема да бидат заверени најдоцна до 31 јануари 2026 година ќе бидат автоматски блокирани.

Македонски