Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

6

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ порача дека партијата влегува во нова фаза на политичко дејствување, во која фокусот повеќе не е само на изборниот циклус, туку на суштинска промена и враќање на државата во рацете на граѓаните.

Веќе не се спремаме за избори. Се спремаме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, затоа што сме свесни дека државата вака само ќе заглавува. Ова, граѓаните веќе почнуваат да го препознаваат. Морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори.

истакна Филипче.

Говорејќи за можностите за пошироко политичко обединување, претседателот Филипче нагласи дека СДСМ е отворен за разговор со сите политички субјекти, но само врз јасно дефинирани стратешки позиции. Прашан дали е можно тоа да биде со Левица, Филипче одговори дека се зависи од стратешките позиции за напредокот на државата, во однос на евроинтеграциитеи во однос на НАТО.

Тој порача дека борбата на СДСМ е борба за демократијата, за слободата и за држава што ќе им служи на граѓаните, а не на партиските и личните интереси.

Има разговори на повеќе нивоа. Прво, приклучување на помали партии кон нашата. Има одредени политички партии кои сакаат да се приклучат кон СДСМ, да се приклучат, да се соединат целосно. Понатаму, партиите кои ја напуштија коалицијата и сега практично се каат за своите одлуки. И морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори.

посочи претседателот на СДСМ, Венко Филиче.

Власта брза со избори напролет за да го реализира проектот мигранти за пари, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната емисија „360 степени“ на МТВ.

„Така ги толкуваме еден дел од неговите изјави (на премиерот Мицкоски): Немало да има мигранти до март, па после до април, еве сега до јуни. Јас сметам дека гледаат како им се топи кредибилитетот кај граѓаните, како ги губат гласачите – веќе 140.000 гласови изгубија за две неполни години. Пола од мандатот помина лани, што не направија, што направија? Ништо. Ние за пола мандат ги дуплиравме платите на докторите, што направи оваа влада? Две години поминаа, ќе видите , вака ќе биде, така ќе биде, ова ќе правиме, она ќе правиме, а они мигранти носат за пари во позадина. Така да ја сметам дека една од опциите е избори за после да го реализира тој проект“, посочи Филипче.

Македонски