Утре во Собранието предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

7

На утрешната пленарна седница на Собранието се очекува на дневен ред да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, информира претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Како што соопшти Гаши, до овој момент сè уште не е испратена официјална покана до Коцевски дека расправата за неговото разрешување ќе се најде на утрешната седница, но таа треба да му биде доставена во текот на денот, согласно собраниската процедура.

Владата минатата недела донесе одлука да ја продолжи постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, по што предлогот беше доставен до Собранието на натамошно постапување.

Се очекува утрешната седница да предизвика зголемено политичко внимание, со оглед на значењето на функцијата и импликациите врз функционирањето на правосудниот систем.

Македонски