АХВ спречи увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на законските услови за увоз.
Станува збор за пратка од 2.167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која, по донесено решение за забрана, е вратена во земјата извозник – Бразил.
Од АХВ информираат дека увозот е забранет бидејќи пратката била спротивна на важечкото решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, донесено како превентивна мерка против внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца (птичји грип).
Согласно решението, забранет е увозот на производи добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.