Улицата „Загребска“ 20 години плива во вода

9

Граѓаните кои живеат и секојдневно функционираат циркулирајќи долж улицата „Загребска“ под Теолошкиот факултет ежедневно реагираат на водата која дваесет години истекува и се слева на самата улица.

Нема ден а да не не испрска некој автомобил, тротоар скоро и да нема, а решение за водата пак воопшто. И ова не е проблем од вчера туку се провлекува во последниве 20 години, ако не и повеќе.

вели Филип кој секој ден го поминува овој дел од улицата.

Покрај водата проблем е и паркирањето покрај „тротоарот“ кој за волја на вистината скоро и да нема ден а да не е прекриен со кал и лисја.

Загрижените граѓани кои живеат и секојдневно поминуваат по улица „Загребска“ прашуваат дали воопшто некој од институциите го „тангира“ овој проблем во овој дел од градот или пак и оваа година односно и идната ќе се провлече „Загребска“ и ќе остане да пливаат и лизгаат во зимскиот период без да дочекаат решение за водата и калот кој го прекрива целиот потег од под Теолошкиот факултет кон детската болница „Козле“.

Makedonski